Екипата на Работнички имаше добар старт на домашната сезона и ја победи Струмица со 92-85 на гостувањето во салата „Парк“ во рамки на првото коло во македонската кошаркарска Суперлига.

Центарци водеа двоцифрено, највисокото водство им беше 24 поени, тоа беше пред финишот на третата четвртина (47-71).

Најдобар поентер кај Работнички беше капитенот Виктор Ефремовски со 29 поени, пред центарот Роберт Рикиќ кој заврши со индекс 28 и дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 скока.

Двоцифрен учинок имаше и Дамјан Робев со 15 поени. Кај Струмица, Американецот Камерон Крафорд даде 31 поени, со пет скока и четири асистенции.