По раѓањето на Исус и доаѓањето на мудреците, Ирод наредува се убијат сите деца во Витлеем до две години, а Марија и Јосиф бегаат во Египет (Матеј, 2, 1-23). Според Протевангелието на Јаков, братот на Исус (нема потврда дека тоа е навистина негово и не е библиско Евангелие, но е потпишано како „Јас, Јаков…)“ и мајката на св. Јован, Елисавета, бега со бебето кое е шест месеци постаро од Исус во планината, за да го спаси. Но, Ирод бара од татко му да каже е каде е син му и кога овој одговара дека не знае, го убива кај олтарот во храмот (слична е приказната со таткото на Страшо Пинџур кога за време на Тиквешкото востание српската восјка бара од мајка му Наца да каже каде е син и, еден од водачите на востанието и ја измачува со вжештено железо). Еве ја целата приказна:

Пр. Јаков 16

  1. Тогаш Ирод, кога увиде дека мудреците го измамија, збесна толку многу што нареди да се убијат сите деца во Витлеем до двегодишна возраст.
  2. Но, Марија, кога слушна дека децата ќе бидат убиени, се уплаши, го зеде детето, го замота во ќебе, го стави во воловски јасли зашто немаше место во гостилницата.
  3. Елисавета, исто така, кога слушна дека ќе дојдат да го тражат нејзиниот син Јован, го зеде и отиде со него горе во планината, барајќи каде да го сокрие.
  4. И немаше место да се пронајде.
  5. Тогаш, таа заплака во себе и рече: „О, планино Божја, прими ја мајката со детето“.
  6. Зашто Елисавета не можеше да се качи горе.
  7. И во истиот момент планината се раздвои и ги прими.
  8. И се појави ангелот Господов за да ги сочува.
  9. Но, Ирод го бараше Јован, и ги испрати слугите кај Захарија, татко му, додека тој беше кај олтарот и му рекоа: „Каде го сокри својот син?“
  10.  Тој им одоговори: „Јас сум слуга Господов и служам кај олтарот, како да знам каде е син ми?“
  11. Слугите се вратија назад и се му раскажаа на Ирод, по што тој страшно се разгневи и рече: „Дали е неговиот син тој кој ќе биде цар на Израел?“
  12. И пак ги прати слугите кај Захарје да го прашаат: „Кажи ни ја вистината, каде  е твојот син? Зашто знаеш дека животот твој е во рацете мои“. И слугите отидоа и сето тоа му го кажаа.
  13. А, Захарие им одговори: „Јас сум маченик Господов, и ако тој ја пролие мојата крв, Господ ќе ја прими мојата душа“.
  14. „Знајте дека пролевате невина крв.“
  15. И го убија Захарија на влезот на храмот и олтарот, блиску до плотот.
  16. Но, децата на Израел не знаеја за убиството.
  17. Тогаш свештениците влегоа во храмот, но Захарије не ги дочека и не ги благослави по обичај,
  18. И чекаа тие тој да ги поздрави.
  19. Но, кога по подолго време не се појави, еден од нив влезе во светото место каде  е олтарот и виде згрутчена крв на подот.
  20. Тогаш глас од небото рече: „Захарије е убиен и крвта негова не ја чистете се додека не дојде тој што ќе ја одмазди“.
  21. И кога го слушна тоа, тој се уплаши и се врати за да им каже на светштениците што видел и што чул. И сите тие влегоа внатре и видоа што се случило.
  22. Тогаш зашкрипе кровот на храмот.
  23. Но тие не можеа да го пронајдат телото, само крвта беше тврда како камен.
  24. И си заминаа оттаму и му кажаа на народот дека Захарије е убиен и го слушнаа тоа сите племиња на Израел и се ожалостија поради него и тажеа три дена.
  25. Тогаш се состанаа свештениците да расправаат кој ќе го наследи.
  26. И Сајмон и другите фрлија коцка и таа падна на Сајмон.
  27. Зашто тој беше осигурен од Светиот Дух дека нема да умре додека не го види Христос дека влегол во тело.

Јас, Јаков ја напишав оваа приказна во Ерусалим. А кога се случија немири, јас се отидов во пустината се до смртта на Ирод. И немирите престанаа во Ерусалим. Тоа што останува е да го величам Бога кој ми ја даде мудроста да ви пишувам Вам кои ја разбирате духовноста и кои го сакате Бог, чија слава и царство се вечни. Амин.