Мора да се трошат провизиите. Медиумите пренесуваат дека Рашковски е во Мексико, а Николовски во Дубаи, додека луѓе умираат од корона и глад.

Граѓани додека умираат поради неспособноста на власта, во Владата нема кој да работи.

Нема одговор од владата за типот на патувањата и дали тоа е точно.

Криминалот цвета, мафијата хара низ улиците, а не се знае дали Рашковски ужива во Мексико, а Љупчо Николовски ужива со народни пари во Дубаи.

Неспособноста на оваа Влада да набави вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица. Според податоците на „Блумберг“, Македонија е на 118-то место од 122 држави, но за тоа време владините функционери си шетаат низ светот.

Фирми додека се затвораат, а граѓани остануваат на улица, владини функционери се луксузираат по егзотични патувања.

Додека над 50.000 граѓани останаа без работа, над 500.000 граѓани преживуваат со едвај 130 денари на ден, Заев не знае кај му се функционерите по светот.

Неспособни се да водат држава, но способни се да трошат народни пари по Мексико и Дубаи.

Одговорност за ваквото однесување мора да има!

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ