ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ: Невидливите авиони на Шилегов вонредно полетуваат во вторник

/ 23.08.2020

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање на комарци, соопштуваат од градските служби.

– За потсетување, оваа година Град Скопје изврши 4 авионски и 4 терестични дезинсекции на подрачјето на градот Скопје против возрасни форми на комарци и против ларви од комарци. Последната фаза од авионското прскање беше изминатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август, велат од Градот.

Во соопштението натаму се додава:

-Дезинсекцијата Градот Скопје ја спроведува според сите светски и европски стандарди, а средството кое што се користи е од најдобриот светски препарат, производство на Бајер – Германија, а прскањето и растварањето на средството се врши согласно упатството на производителот, а под надзор на комуналните служби на градот. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, информираат од Градот. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, се вели во соопштението.

Кај скопјани остана анегдотата за „невидливите и тивки“ авиони на градоначалникот Петре Шилегов од пред неколку години, кога објаснуваше дека тие за разлика од претходните прскања биле многу потивки.


Од истата категорија