Се планира да се формира заеднички тим на експерти од Македонија и од Бугарија со цел да се соработува на проектот за железничката пруга на Коридор 8, објави македонското ЈП за железничка инфраструктура по средбата на директорот Фестим Халили со неговот бугарски колега Красимир Папукчиски, што се одржа во Софија.
Железничкото поврзување на двете држави, се планира за 2023 година. Прогресот на работите на првата делница од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце, на крајот на минатата година изнесуваше 65 проценти, а надлежните институции ветија дека ќе биде готова во втората половина од годинава. За тој период се најавува и објава на тендер за втората делница Бељаковце-Крива Паланка, додека за третата од Крива Паланка до границата со Бугарија, сè уште се преговара за обезбедување финансии. Поврзувањето треба да биде со изградба на тунел во должина од 2.400 метри на граничниот премин Деве Баир.