Израел и Обединетите Арапски Емирати по нормализирањето на дипломатските односи во 2020 година, денеска потпишаа договор за слободна трговија, прв од таков вид меѓу Израел и некоја арапска земја.
„Честитки“ на арапски јазик напиша во пораката објавена преку Твитер израелскиот амбасадор во Обединетите Арапски Емирати, Амир Хајек, објавувајќи и фотографија на претставници на Израел и на ОАЕ од церемонијата на потпишивањето на документот во Дубаи.
Емиратите се сојузник на САД и еден од потписниците на т.н. Авраамски договори за нормализација на односите со Израел во 2020 година. Потписнички на договорот изготвен со посредништво на тогашниот американски претседател Доналд Трамп се уште и Бахреин и Мароко.