Французите в недела одат на првиот круг гласање на претседателските избори и според анкетите се очекува победа на дуелот како и на претходните избори во 2017 година – претседател во заминување, центристот Емануел Макрон и кандидатката на крајната десница Марин Ле Пен.
Фаворитот во анкетите со месеци, Макрон, кој најдоцна влезе во предизборната кампања, во последните недели се соочува со намалување на разликата во однос на Марин Ле Пен.
Иако претседателските избори беа турнати во втор план поради војната во Украина, изборите, на кои во првиот круг учествуваат 12 кандидати, се уште опфаќаат клучни прашања, како на национално, така и на меѓународно ниво.
Франција е актуелен претседавач со Европската унија. Војната во Украина во моментов е доминантна тема во француската надворешна политика, додека борбата против климатските промени речиси и не се споменува.
На национално ниво, Франција се соочува со целосно поделена левица и слаба десница, па анкетите покажуваат дека Макрон би освоил околу 26 отсто во првиот круг, а Ле Пен околу 22 отсто.
Макрон во вториот круг би ја победил Ле Пен со 53 отсто од гласовите, а таа би добила 47 отсто.
Лидерот на радикалната левица Жан-Лук Меланшон се очекува да биде на третото место со околу 17 отсто од гласовите. Десничарскиот кандидат Валери Пекресе, кој некогаш се сметаше за посериозен противник на Макрон, и кандидатот на екстремната десница Ерик Земур, би добиле девет отсто од гласовите.
Другите кандидати би освоиле околу пет отсто од гласовите.
Во Франција, претседателот се избира со директно гласање, во два круга, доколку ниту еден кандидат не освои мнозинство во првиот круг. Шефот на државата се избира за мандат од пет години, кој може да се повтори само еднаш.
Во Франција вечерва на полноќ почнува предизборен молк, кој ќе трае до недела навечер во 20 часот по затворањето на гласачките места.
Францускиот закон забранува објавување на изборните резултати пред затворањето на гласачките места. Веднаш по затворањето на избирачките места, може да се очекуваат резултатите од излезните анкети спроведени од институти за истражување на јавното мислење.
Во француските прекуокеански територии најчесто започнуваат изборите ден претходно.
Вториот круг од изборите е закажан за 24 април.