Постар маж е првата жртва од коронавирусот во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Човекот имал хронични болести, а од вирусот се лекуваше на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Љубљана.

Тој беше еден од седум заразени стари лица, кои биле сместени во старачки дом во градот Метлика. Според здравствените власти уште две лица се во критична состојба.

Во Словенија вкупниот број на лица заразени со коронавирусот е 181.