Александра Живковиќ од Ниш пред два дена го родила своето прво дете во 50-тата година од животот.

Здравото девојче без никакви компликации е родено во средата. Од Клиничкиот центар во Ниш потврдиле дека и мајката и детето се добро.

-Мило ни е поради овие убави вести. Управата на КЦ Ниш и ГАК и честитаат пред се на мајката, но и на целото семејство, истакнал портпаролот на болницата Никола Марковиќ.

Бебето е родено со 3,280 килограми и должина од 50 сантиметри.

Александра се породила со царски рез.