Во писмото, кое рачно го напишал од затворот Белмарш, основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, вели дека му е оневозможена можност да се брани и дека елементите во САД, кои „ја мразат вистината, слободата и правдата” сакаат да биде екстрадиран и мртов.

Писмото било испратено до независен британски новинар Гордон Димак, а датира од 13 мај – десет дена пред САД да објават 17 дополнителни обвиненија според Законот за шпионажа против Асанж.

Во светло на новоите обвиненија, Димак го прочита писмото на својот канал на YouTube. Фотографија од рачно напишаната белешка наскоро беше објавена и на Интернет.

– Јас сум изолиран од сите можности да се подготвам за одбрана: нема лаптоп, интернет, нема компјутер, нема библиотека, но дури и ако добијам пристап, тоа ќе биде само половина час, со сите други, еднаш неделно – пишува Асанж.

– Другата страна? Суперсила, која се подготвува веќе 9 години, со стотици луѓе и безброј милиони потрошени за овој случај – додава тој.

– Јас не сум скршен, иако буквално сум опкружен со убијци, но деновите додека не можам да читам и да зборувам и да ја организирам мојата одбрана, моите идеали и моите луѓе се подготвени додека не бидам слободен! Сите други треба да го заземат моето место- пишува Асанж.

– Владата на САД или, поточно, тажните елементи во неа кои ја мразат вистината, слободата и правдата, пред се ја сакаат мојата екстрадиција и смрт, наместо да и дозволат на јавноста да ја чуе вистината, за која добив највисоки награди и бев номиниран 7 пати за Нобеловата награда за мир- пишува Асанж.

Новите обвинувања против Асанж ги вознемирија и големите медиуми кои со години вршеа врз Викиликс со години, бидејќи почнаа да сфаќаат дека неговото гонење во суштина ќе го криминализира секое новинарство.