Украина нападна руски цели со вкупно 25 борбени дронови во текот на ноќта, соопшти Министерството за одбрана во Москва и додава дека еден дрон стигнал длабоко на територија на руски Кавказ.
Како што пренесе ДПА, руското министерство соопшти дека дроновите биле пресретнати во пограничните региони на Ростов, Брајанск и Белгород, како и во окупираниот од Русија, Крим.
Гувернерот на Белгород, Вјачеслав Гладков, изјави дека е оштетена селска црква во неговиот регион.
Руските власти не пријавија смртни случаи или повредени.
Украински дрон, исто така, влегол во републиката Северна Осетија во руски Кавказ. Регионалниот лидер Сергеј Мењајло соопшти дека целта бил воен аеродром.
Локалните медиуми јавија дека ова е првпат од почетокот на војната, украински дрон да стигне до Северна Осетија, која се наоѓа далеку од линијата на фронтот.