За 15 отсто е зголемен бројот на деца што добиле невролошки проблеми за време на ковид пандемијата.
Овие податоци, како што објави ТВ Сител, беа изнесени денеска во Прилеп на симпозиумот по детска неврологија во организација на здружението на педијатри на Македонија со предавачи од Љубљана, Загреб и Скопје.
„Во однос на централниот нервен систем се 15 % зголемени и тоа ви е бројка која статистички ја барав за да ја презентирам и во Словенија. Бидејќи и таму не е различно, значи тоа е на глобално ниво. Ковидот го зафати целиот свет и предизвика комплетни промени. Децата најмногу невролошки изреагираа. Сме гледале ситуации каде ковидот направи, со своите анти тела кои ги создаваше, енормно различно од кај возрасниот“, изјави проф. д-р Аспазија Софијанова, претседател на здружението на педијатри на Македонија.
Епилепсијата како едно од невролошките заболувања беше темата на кој се стави акцентот на овој симпозиум. Педијатрите велат дека се потребни постојани консултации и размена на искуства помеѓу државите од Балканот на оваа тема, а особено важно било државите да ги имаат најновите лекови за епилепсија, како и отворање на еден заеднички центар за неуро-хирургија за сите држави од поранешното ЈУ подрачје.
„Имаме недостиг од детски неурохирурзи. Не може вие да оперирате едно дете потоа со месеци да нема никој, овидпа потоа друго дете. Треба да се има константа. Затоа е потребно е да се отвори некој центар кој ќе го зафати поширокиот регион, како државите од поранешното ЈУ подрачје, кој се надеваме ќе го добиеме наскоро, не е важно каде ќе биде лоциран“, додаде д-р Моника Кукурузовиќ, КБЦ Сестре Милосрднице-Загреб.
„Потребно е специјалистот кој знае да лечи епилепсија да е дострапен постојано, да нема долги чекања за преглед и државата да дава доволно лекови и секогаш на пациентите да иим бидат достапни новите лекови кои се подобри од старите“, рече доц. д-р Мирјана Перковиќ Бенедик, Универзитетски клинички центар-Љубљана.
Како дел од ова беше најавена и олема реорганизација на универзитетската клиника за детски болести во Скопје со особен акцент на невролошкото одделение.
Видеото на ТВ Сител ТУКА