Пари Сен Жермен планира да упати интересна понуда до Јувентус за плејмејкерот Миралем Пјаниќ. Францускиот шампион е подготвен да се раздели со Адриен Рабио, а освен тоа ќе предложи и доплата во износ од 30 мииона евра за Бошњакот, тврди „Премиум Спорт“.

Јувентус одамна има интерес за Рабио и слична понуда може и да ги заинтригира „бјанконерите“. Сепак договорот на Французинот истекува за една година, па така неговата пазарна цена е пониска. Тимот од Торино веројатно ќе бара поголема доплата од 30-те милиони што ПСЖ ќе ги понуди.

Друг проблем може да биде фактот дека самиот играч не сака да го напушти „Алијанц“ стадионот. Тој има желба да игра рамо до рамо со Кристијано Роналдо и претпочита да остане во Торино.