Нов тренер на Пари Сен-Жермен ќе биде Маурисио Покетино, објави „ RMC Sport“.

Многу веројаатно, екс-тренерот на Тотенхем ќе ги предводи парижаните, доколку не дојде до радикална промена на ситуацијата. Во моментов раководните луѓе на ПСЖ разговараат со претставници на Томас Тухел, кој, наводно, бил отпуштен синоќа.

Покетино е без клуб од ноември 2019 година по заминувањето од Тотенхем.

ПСЖ е трет во францускиот шампионат, со еден бод помалку од Лион и Лил. Во осминафиналето од Лигата на шампионите, францускиот клуб ќе се сретне со Барселона.