Пари Сен-Жермен можеби ќе има нов претседател следната сезона.

Новиот неуспех на тимот во Лигата на шампиони и елиминацијата во осминафиналната фаза од Манчестер Јунајтед среде „Парк де Пренс“ може да доведе до смена на претседателот Насер Ал-Хелаифи, пишува „Паризиен“.

Со години, приоритет на клубот е да го освои најпрестижниот фудбалски турнир. ПСЖ не само што не се квалификуваше за финалето на Лигата на шампионите, но парижаните дури и не играле во полуфиналната фаза на турнирот.

Според информациите, Емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал-Тани се очекува во наредните денови да одржи лична средба со Ал-Хелаифи, на која ќе биде проценета работата на претседателот на клубот и ќе биде донесена одлука дали да биде отпуштен.

Без сомневање, како успех во работата на Ал-Келаифи се забележува привлекувањето на Карло Анчелоти и Нејмар. Вистината е дека постојат неколку работи во текот на годините, за кои тој може да биде прекорен.

Ангажирањето на Патрик Клајверт како спортски директор, а потоа Антеро Енрике, се смета за неуспех. Единствениот сериозен играч кој Холанѓанецот го доведе на „Парк де Пренс“ е Јулијан Дракслер, а Португалецот не успеа да најде квалитетен играч во рок од два последователни трансфер периоди.