Забетонираниот македонски идентите со „сертификат“ од бившиот премиер Зоран Заев пука на сите страни.

И американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен го нарече Стево Пендаровски северномакедонски претседател, откако пред неколку дена францускиот претседател Еменуел Макрон не нарече северномакедонци.

-Ќе продолжиме со тоа, се водат преговори со бугарската и северномакедонската страна со цел да го решиме тој договор во следниве неколку денови и сите се подготвени да се формализира одлуката, би сакал да се заблагодарам на бугарскиот премиер коалиционите партнери и опозицијата кои гласаа тоа да помине, честитки за Северномакедонците, имаат уште работа, но напредокот е сепак значителен, рече Макрон.

И бугарскиот премиер во оставка, Кирил Петков го користи тој термин.

-Северномакедонските партии протестирале против францускиот предлог кој е голем успех за бугарската влада. Ако Северна Македонија се согласи со францускиот предлог, во Уставот на Северна Македонија ќе влезат Бугарите пред да почне преговарачкиот процес, изјави Петков.

Бујар Османи пак мораше да ја објаснува својата преведувачка бидејќи, како што вели тој во германската терминологија било логично ако државата е Севрна и ние да бидеме Северномакедонци.

– Дали има посебна северномакедонска нација, посебна од бугарската и дали постои бугарско малцинство оти тоа би значело оти тоа би значело дека постои посебна северномакедонска нација? Преводот е погрешен, оти таква е германската терминологија, изјави Османи.

Откако владејачката гарнитура на СДСМ и тогашниот лидер и премиер Зоран Заев, по неуспешниот референдум, и го сменија името на Република Македонија со придавка Северна, и Заев и многумина други од власта се фалеа дека идентитетот односно придавката македонски/македонска се забетонирани.

Но, бетонот на Заев попушти веднаш по смената на името, кога придавката македонски беше избришана од театарот, балетот, операта и други македонски институции кои во замена за македонски добија придавка национални.