Едно лице загина, а најмалку 20 се ранети во престрелка што се случи вчера на паркинг во предградие на Чикаго во САД, соопштија властите.

-Најмалку 20 луѓе беа застрелани. Една жртва почина. Мотивот за овој инцидент е нејасен, рече Ерик Свансон, заменик во канцеларијата на шерифот на округот Дупајџ.

Според него, бројни жртви биле пренесени во болници, а некои од нив сами побарале лекарска помош.

-Состојбата на ранетите не е позната, изјави Свансон на новинарите.

Крег Лоци, кој присуствуваше на настанот, изјави дека во моментот на пукањето настанал хаос и толпата почнала да бега.

Телевизиските снимки покажаа трговски центар преполн со отпадоци и полициски ленти во Вилоубрук, на околу 32,1 километри југозападно од Чикаго.