Портпаролот на чикашката полиција Ентони Гјуглиелми изјави дека ранетиот полицаец е во критична состојба, откако бил погоден од напаѓачот кој набрзо потоа полицијата го убила.
Најмалку еден полицаец е ранет во пукотницата на паркинг на чикашката болница Мирки во понеделникот попладне по локално време, објавија американски медиуми.
Портпаролот на шикашката полиција Ентони Гјуглиелми изјави дека ранетиот полицаец е во критична состојба. Претходно на службениот Твитер објави дека полицијата го застрелала и го убила напаѓачот.
Медицинскиот персонал е евакуиран, а граѓаните се повикани да го избегнуваат подрачјето околу болницата.
Сведокот Хектор Авита за ЦБС Чикаго изјави дека од болницата, во која ги чекал наодите за сопругата, низ прозрецот го видел напаѓачот на паркингот, облечен во црно, како пука на некого кој лежел на тлото. Тој додаде дека потоа на паркингот стигнало полициско возило, а напаѓачот почнал да пука по полицијата, потоа испукал уште неколку куршуми врз лицето што било паднато на земја и потоа влегол во болницата каде што се слушнале уште неколку истрели.
Друг сведок изјави дека лицето кое лежело на тлото била жена во лекарски мантил.