Едно лице е убиено, а две се борат за живот во вооружениот напад што ноќеска се случи на улица Рузвелтова во Скопје, во близина на крстосницата со улица Орце Николов.
Престрелката се случила пред зградата на СЈО, кога од едно возило во движење почнало да пукаат врз друго возило во кое бил сега загинатиот.
Изрешетаното возило застанало пред кафулето Галери. Во престрелката едно лице починало на местото на пукотницата. Телото на загинатиот и ранетите се пренесени на Клиничкиот центар.
Неофицијално, како што објавија некои медиуми, починатиот е брат на познат лихвар, убиен пред неколку години.
Полицијата ноќеска го обезбедуваше теренот и вршеше увид, а идентитетот на жртвите се уште не е познат, како ни тоа кои биле напаѓачите.
Напаѓачите пукале од автоматско оружје, а некои медиуми пренесоа дека во болница починале и ранетите во нападот.
Има шпекулации дека еден од загинатите бил син на висок функционер во МВР.
По убиството кое се случи околу еден часот по полноќ на Рузвелтова вриеше од полиција. Улицата беше затворена за сообраќај, а пристапот до местото на крвавиот настан е забранет.