Синоќа во доцните часови во хотелот „Александар Палас“ во Скопје имало пукање од огнено оружје.

Според пријавеното, додека во ресторанот на хотелот седеле Е. И. (21), Е. И. (25), О. Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) три лица почнале да пукаат кон нив.

Тогаш Љ.Ќ., полициски службеник кој не бил на работа, испукал од службениот пиштол кон нив, по што тие заминале.

Се работи на расчистување на случајот.