Нова научна публикација тврди дека повеќето Бугари се соочиле со вирус поврзан со ковид-19 уште во 2008 година, пренесува веб-сајтот Новините.бг.
Поради ова, во Бугарија не се сите луѓе многу изложени и подложни на инфекција. Луѓето кои веќе биле изложени на овој поврзан вирус развиле имунитет.
Според публикацијата, вирусот бил во Бугарија во 2008 година и бил изолиран во лилјаци.
Пулмологотот д-р Александар Симидчиев објаснува дека името на вирусот е „CoV-2008 / Бугарија“.
Можно е ова да е причината зошто пандемијата во Бугарија не е толку голема.
– Факт е дека овој вирус беше во Бугарија и според сите проценки се чини дека околу 50 отсто од населението има некаков имунитет. Веројатно е дека тие се стари лица, додава специјалистот Симидчиев.