Златна арена за режија на филмскиот вестивал во Пула освои филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на македонската режисерка Теона Стругар Митевска.
Филмскиот фестивал во Пула во Хрватска се одржува од 13 до 21 јули.
Одлуката за наградата, како што е наведено во соопштението, била донесена едногласно.
– Прецизната препознатлива режисерска работа успеа целосно да го вовлече гледачот во случувањата, карактерите, настаните и општествените околности во филмот – се вели во соопштението.