Летната сезона продолжува со полна динамика, а Градскиот базен во Кавадарци останува омилено место за освежување и рекреација на граѓаните во текот на целиот ден, но и во вечерните часови.
Од Општина Кавадарци потсетуваат дека базенот работи до 23:00 часот, овозможувајќи им на посетителите да уживаат и во ноќното капење, кое е сè попопуларен избор во топлите летни денови
Покрај дневното освежување, вечерните часови нудат пријатна атмосфера за рекреација, релаксација и дружење, а Градскиот базен продолжува да биде едно од најпосетуваните места во градот за време на летната сезона.
Од општината ги повикуваат сите граѓани да ги искористат летните вечер




