Ерата на западните елити кои можат да експлоатираат народи ширум светот се ближи кон крајот, изјави рускиот претседател Владимир Путин во ексклузивното интервју објавено од Росија 1 и РИА Новости, пренесува Раша Тудеј.
Претседателот на Русија изјави дека во текот на изминатите неколку векови, таканаречената „златна милијарда“ се навикнала да може да ги полни своите стомаци со човечко месо, а џебовите со пари додека ги паразитирале другите народи во Африка, Азија и Латинска Америка.
– Но, тие мора да разберат дека балот на вампирите завршува, рече Путин.
Тој дополни дека граѓаните на спомнатите региони, кои како што вели тој, беа континуирано експлоатирани од Западот во изминатите 500 години, почнаа да ја поврзуваат борбата на Русија за суверенитет со своите сопствени аспирации за суверенитет и независен развој.