Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека европските земји не сакаат да видат американски ракети на своја територија, но дека не смеат да му се спротивстават на Вашингтон.

– Дали мислите дека која било од европските земји сака американските ракети со среден дострел да бидат распоредени во Европа? Никој не го сака тоа, но молчат. Каде е нивниот суверенитет?, праша Путин.

Тој тврди дека „Европскиот парламент носи многу повеќе обврзувачки одлуки кои се однесуваат на сите земји-членки на ЕУ, отколку што Врховниот совет на (поранешен) СССР носеше своевремено во врска со републиките членки на Советскиот Сојуз“.

– Целосно независни земји едноставно не постојат, рече Путин.