Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека го повикал американскиот претседател Доналд Трамп во Москва и дека тие двајца се подготвени за додатни самити.
Путин во обраќањето пред новинарите на самитот на организацијата БРИКС во Јужноафриканската Република изјави дека потребно да се стекнат поволни услови за нов состанок.
Рускиот претседател изјавил дека телефонските разговори меѓу Русија и САД не се доволни и оти двете страни треба да се состанат поради разговорите за прашањата како Договорот за нуклеарно вооружување и глобалните судири.
Путин и Трамп се состанаа на самитот во Хелсинки минатата недела.
Американскиот претседател се соочи со критики после враќањето во Америка поради начинот на кој настапил на тој состанок.