Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за контрола на вооружувањето и иранската нуклеарна програма, соопшти Кремљ.

Двајцата лидери изразиле заедничка желба за развој на трговската и економска интеракција меѓу Русија и САД, додаде Кремљ, пренесоа британските медиуми.