Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата на турскиот колега Реџеп Таип Ердоган да ја посети Турција, информираше денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесе агенцијата Анадолија.
Состанокот ќе се одржи штом ситуацијата со пандемијата и распоредите на двајцата лидери ќе го дозволат тоа, појасни Песков за новинарите на дневниот брифинг во Москва.
Тој додаде дека поради пандемијата од коронавирус имало одредена пауза во одржувањето на состаноците на меѓувладината комисија и Советот за соработка на високо ниво, на чие чело се двајцата претседатели.
Песков соопшти дека на оваа тема се разговарало неколку пати во неодамнешните контакти на двајцата лидери. Ердоган кажал дека е подготвен да биде домаќин на сите овие настани во Турција.