Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека очекува неговиот американски колега Доналд Трамп да остане на таа функција и покрај гласањето за импичмент.
Путин на годишнта прес-конференција изјави дека обвиненијата против Трамп се лажни, наведувајќи дека се мали шансите американскиот Сенат да донесе конечна одлука за негово отповикување.
Според рускиот претседтел, станува збор за внатрешно-политичка борба, која ќе продолжи.
– Партијата која изгуби на изборите ја продолжува својата борба со други средства, процени шефот на руската држава.
Путин наведе и дека Русија е подготвена да постигне нов СТАРТ договор за контрола на нуклеарно оружје со САД, но на руските предлози нема одговор.