Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги следеше вежбите на руските стратешки нуклеарни сили, соопшти Кремљ.
„Задачите, чија реализација е предвидена како дел од обуката на силите за стратешко одвраќање, целосно се извршени, сите ракети ги погодија своите цели“, се наведува во соопштението на Кремљ.
Воено информативниот канал „Звезда“ го прикажа министерот за одбрана Сергеј Шојгу во моментот кога му објаснува на Путин дека вежбите се спроведуваат со цел да се изврши „масовен нуклеарен напад од стратешките офанзивни сили како одговор на непријателски нуклеарен напад“.
Началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов на Путин му укажа дека вежбата вклучува интерконтинентални балистички ракети, подморници и стратешки бомбардери Тупољев.