Рускиот претседател во телевизиска изјава рече дека доколку нема уплати тоа ќе предизвика стопирање на постојните договори
Путин изјави денеска дека од 1 април „непријателските земји“, вклучително и сите членки на ЕУ, ќе треба да отворат сметки во руски банки и да плаќаат во рубли за испорака на гас.
„Тие мора да отворат сметки во руските банки за да плаќаат во рубли. Токму од тие сметки ќе се вршат плаќања за испорачан гас почнувајќи од утре, 1 април“, нагласи Путин во телевизиска изјава.
Тој додаде дека дека доколку нема уплати тоа ќе предизвика стопирање на постојните договори.
-Ние им испорачуваме гас, тие префрлаат евра за гасот, а потоа ги замрзнуваат парите, па испаѓа дека им даваме гас без пари – образложи Путин.