Германија, Франција и Велика Британија се спротивставија на најавата на рускиот претседател Владимир Путин дека од утре (1 април) „непријателските земји“ ќе треба да отворат сметки во руската банка „Гаспром“ и да плаќаат во рубли за испораката на гас.

Меѓу првите се огласија од Германија, која е најголем увезувач на руски гас во ЕУ, одговарајќи дека нема да дозволат Путин да ги уценува.

Германскиот министер за економија, Роберт, Хабек, изјави дека сојузните со кои разговарал се на ставот дека мора да се почитуваат постоечките договори за гас, пренесе Ројтерс.

Тој рече и дека тие се подготвени за секакво сценарио во врска со одлуките на Путин.

И францускиот министер за економија, Бруно ле Мер, по разговорот со Хебек, порача дека и Франција и Германија се подготвуваат за намалување на увозот на руски гас.

„Наше е да се подготвиме за сите овие сценарија и ние тоа и го правиме“, изјави францускиот министер.

Велика Британија попладнево исто така, испрати порака дека не планира да го плаќа рускиот гас во рубли. Од кабинетот на британскиот премиер Борис Џонсон рече дека плаќањето во рубли не е прашање што ќе го разгледува британската влад