Словенечката амбасада во Украина била принудена да го сокрие знамето затоа што било премногу слично со руското.

Украинските власти побарале од словенечките дипломати во Киев „привремено да го тргнат словенечкото знаме бидејќи е премногу слично на руското“, па Амбасадата го симнала знамето.

И руското и словечекото знаме, како и некои други, ги имаат белата, сината и црвената боја на знамето.

Инаку, Словенија важи за еден од најголемите поддржувачи на Украина во ЕУ и НАТО.