Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека меѓународниот систем за контрола на нуклеарното оружје може да се распадне и нагласи дека разговорите со Вашингтон за продолжување на договорот СТАРТ допрва треба да почнат.
Путин рече дека американска воена интервенција во Венецуела би била катастрофа и дека дури и сојузниците на Вашингтон тоа не го поддржуваат.
Говорејќи на економскиот форум во Санкт Петербург, Путин исто така рече дека руски технички експерти останале во Венецуела за да ја одржуваат руската воена опрема, нешто што, како што рече, е обврзно со договор.
Сепак, тој додаде дека Москва не воспоставила никакви специјални воени бази во Венецуела.