Американскиот писател Стивен Кинг соопшти дека не можел, а да не помисли на претседателот на САД, Доналд Трамп, откако ја изгледал мини- серијата „Чернобил“.

Серијата има пет епизоди и  до вчера се прикажуваше на каналот „Ејч-Би-Оу“.

-Не  можете да го гледате Чернобил, а да не помислите на Доналд Трамп. Исто како и оние задолжени за фаталниот руски реактор, така и тој е човек со просечна интелигенција задолжен за голема сила – економска и глобална, која не ја разбира, напиша Кинг на Твитер.

Инаку американскиот пистел е голем критичар на политиката на Трамп и не еднократно се искажуваше против изградбата на ѕид на границата со Мексиоко.

На забелешката на Кинг одговори Крег Мејзин, извршен продуцент и сценарист на мини-серијата „Чернобил“.

-Како прво, задоволен сум што гледате. Второ, задоволен сум што гледате паметно. Не дека некогаш сум имал сомнение, напиша сценаристот.

На запад критиките за серијата се позитивни, додека во Русија – поделени. Весникот „Комсомолскаја правда“ изрази сомеж дека соперниците на државната атомоска агенција „Росатом“ ја користат серијата да ја омаловажат сликата за Русија како атомска сила. „Аргументи и факти“ пак го критикуваше филмот како „карикатура а не вистина“.

-Уште фалеше да прикажат мечки и армоники, напиша гласилото.

Весникот „Москоу Тајмс“ пак напиша дека „фактот што американски, а не руски ТВ канал ја раскажа приказната за нашите херои е извор за срам на провладините медиуми“ во Русија.