Русија е се поблиску до создавање вакцина против рак, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. Тој додаде дека може да се смета на рана примена на нивната вакцина во индивидуална терапија.

-Се приближивме до создавање на т.н. онковакцина или вакцина против рак и нови генерации имуномодулаторни лекови. Очекувам дека наскоро тие ќе бидат ефикасно користени како методи за индивидуакна терапија – вели Путин.

Засега Путин не прецизираше за кои типови на рак ќе бидат наменети вакцините.

Тој додаде дека новите откритија во областа на медицината треба да бидат достапни за луѓето и широко применети во примарната здравствена заштита.

Новите откритија во областа на медицината, методите на превенција, лекување, новите лекови и опремата сами по себе не значат многу. Тие се осмислени за да го сочуваат здравјето на нашите граѓани и нашироко да се користат во примарната заштита – вели Путин.

Путин најави и зголемување на инвестициите во иновации во медицината и фармакологијата.