Русија наскоро ќе може да му се спротивстави на хиперсоничкото оружје воведено од други земји, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Тој додаде дека неговата земја е пред САД кога станува збор за развојот на нови видови оружја, пренесуваат британските медиуми.
По колапсот на некои договори за контрола на вооружувањето од ерата на Студената војна, и Русија и САД ги зајакнуваат своите воени способности. Русија минатата година Русија ги воведе своите први хиперсонични ракети, кои можат да носат нуклеарни боеви глави, додека Пентагон планира тоа да го направи до почетокот или средината на оваа деценија.
-Многу е веројатно дека, се додека водечките земји во светот имаат такво оружје, ние ќе имаме средства за борба против хиперсонично оружје, рече Путин во интервју за РИА Новости.
Русија и САД имаат приближно еднакви количества нуклеарно оружје, а Путин истакна дека Москва е пред Вашингтон кога станува збор за развој на напредното оружје.