Францускиот претседател Емануел Макрон изјави синоќа во телевизиско обраќање до нацијата дека борбата против расизмот не треба да доведе до прекројување на историјата поради омраза, по одржаните протести низ светот поради убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

– Ќе бидам јасен: Републиката нема да избрише ниту едно име од својата историја. Нема да заборави ниту едно од своите уметнички дела, нема да урива споменици, истакна Макрон во својот говор.

Тој ја даде оваа изјава откако демонстранти во голем број градови низ светот уриваа статуи на историски личности кои биле поврзани со ропство или други облици на кршење на човековите права.