Претседателот на Русија, Владимир Путин, смета дека репрезентацијата на Шпанија е главниот фаворит за освојување на претстојното Светско првенство во фудбал, кое ќе се одржи во неговата земја.
– Многу репрезентации имаат најмалку по една врвна ѕвезда, некои и повеќе. Меѓутоа, Шпанија ги има на секоја позиција. Тоа е една од причините поради кои беа доминантни во квалификациите, без ниту еден пораз, истакна Путин на состанокот со новинарите во Москва.
Рускиот претседател наведе дека Шпанија беше на врвот на светот во 2010 година на Мундијалот во Јужна Африка, за потоа да го заврши своето натпреварување во групната фаза на следното Светско првентсво во Бразил, четири години подоцна.
Но, според Путин на Мундијалот во Русија тие повторно се фаворити.
Шпанија е во група со Португалија, Иран и Мароко.