Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека сите странски војски треба да се повлечат од Сирија по завршување на војната.

На прашањето дали и руските сили ќе се повлечат од Сирија, Путин истакна дека тоа ќе го направат ако тоа го побара сириската Влада.

Русија во граѓанската војна во Сирија се вмеша во 2015 година, пружајќи му поддршка на долгогодишниот сојузник, претседателот Башар ал Асад. Руските војници помогнаа во повторно заземање на голем дел од територијата што беше под контрола на бунтовниците.

Кремљ ја критикуваше вмешаноста на американската армија во Сирија бидејќи за тоа немаше одобрување ниту од страна на Обединети нации ниту од сириската Влада.