Рускиот претседател Владимир Путин порача ако Европската Унија сака повеќе гас, треба само да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2.

Путин говорејќи пред новинарите, по самитот на Шангајската организација за соработка што се одржа во Узбекистан, за енергетската криза, како што ја нарече „зелена агенда“ изјави дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.

– Заклучокот е, ако имате желба, ако ви е толку тешко, само укинете ги санкциите за Северен тек 2, кој има капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Само притиснете го копчето и сè ќе тргне, изјавил Путин.

Северен тек 2, од Балтичкото Море беше изграден пред една година, но Германија одлучи да не го користи пред Русија да испрати свои војници во Украина на 24 февруари годинава.