Денеска во Пекинг почна средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот домаќин, колегата Си Џинпинг, пренесе Тасс.
Ова е прва посета на Путин на Кина од почетокот на пандемијата на Ковид-19.
Рускиот претседател во Пекинг ќе остане само еден ден, а по разговорите и ручекот во „ четири очи“ со домаќинот Си, тој ќе присуствува на свеченото отворање на Зимските олимписки игри 2022 година во кинескиот главен град.
Рускиот претседател оцени дека односите и стратешкото партнерство меѓу Москва и Пекинг се „без преседан“.
-Нашите билатерални односи напредуваа во духот на пријателството, стратешкото партнерство. Тие навистина добија карактер без преседан, рече Путин на почетокот од средбата со кинескиот претседател во Пекинг, пренесе Тасс.
За време на разговорите, предвидено е лидерите да разговараат и за некои клучни билатерални, регионални и глобални прашања.
Потоа најверојатно двајцата ќе потпишат серија меѓувладини и трговски документи, а планирано е да дадат и заедничка изјава за меѓународните односи.