Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска се капеше во ледена вода по повод празникот Богојавление

Путин утрово влезе во вода по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Како што се додава во веста, но и се гледа во видеото на социјалните мрежи, Путин трипати се нурнал во вода и трипати се прекрстил.

Инаку, за Путин со години се шират пропагандни вести дека е „болен од ова, болен од она“, дека е „тешко болен“ и слични.

Фото: Архива