Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Чингдао, каде се одржува самитот на Шангајската организација за соработка, истакна дека заедничката куповна моќ на Организацијата, на чело со Русија и Кина, ја надминува групата Г-7.
Тој посочи дека ќе му биде драго да се состане со американскиот претседател Доналд Трамп, кога Вашингтон ќе биде подготвен за одржување на самит.
Путин, наведе дека исто како и Трамп, е загрижен поради „трката“ за вооружување, укажувајќи дека за решавање на тоа прашање се потребни темелни дискусии.
Рускиот претседател посочи дека некои земји, меѓу кои и Австрија, се понудиле да бидат домаќини на неговиот самит со Трамп.
Како што јави МИА, претходно денеска Путин го критикуваше повлекувњето на САД од нуклеарниот договор со Иран, истакнувајќи дека тој американски чекор може да „ја дестабилизира ситацијата во регионот“.