Не треба да имате само План Б, туку и В, Г и Д, вели дипломатски експерт за Азиа експрес пред самитот меѓу претседателите на Северна Кореја, Ким Јонг-ун и на САД, Доналд Трамп.

Пред таа средба се е прегледано, проверено, нема ништо што не се знае…но и најмала грешка може да предизвика огромни дипломатски и политички последици.

Нормално, вели експертот, за ваков настан се се подготвува шест до 12 месеци пред таа да се случи. Но, сега таа се подготвува во само неколку недели. Па, што се случува зад сцената?

Самитот ќе се одржи во вторник во хотелот „Капела“ на јужниот брег на Сингапур на островот Сентоса, што во превод значи „Мир и одмор“. Некогаш тој остров бил пиратско гнездо. Островот тогаш се викал „Убиен од зад грб“. Да не бараме никакви релации со самитот, подобро.

Една од зградите некогаш била ресторан за британските офцицери.

Сега никој нема да може да се приближи таму зашто е формирана безбедносна зона. Има забрана и за дронови и за авиончиња контролирани со далечински управувач. Но, има голф терен, а Трамп е стратсвен голфер. Дали Ким игра голф? Никој не знае. Кошарката ја сака, тоа го потврди Денис Родман.

Не секој хотел ги исполнува стандардите за самити. Собата за разовори треба да има двојни врати и тркалезна маса, но не мора, за тоа претходно се прават договори. Клучното е дека се треба да биде на рамноправна основа.

Трамп на самитот доаѓа со неговиот Ер форс уан, а Ким со Ил-76.

Кој ќе го плати цехот?

Самитот како тој во Сингапур е извонредно скап и од безбедносен аспект. Секоја соба чини неколку илјади долари за ноќ. Тука треба да се додадат и дневници за преведувачите и посебни делови за новинарите. Трошоците за безбедноста ќе ги плати владата на Сингапур. „Ова е нашиот придонес“, изјави министерот за одбрана. Амриканците рекоа дека би сакале да ги платат трошоците на корејскиот претседател, но ова би се сметало за навреда.

Секако, Севернкорејците не се без пари, далеку од тоа.

Но за ти што го планираат самитот најголем проблем се карактерите на двајцата претседатели, и никој не знае што тие би можеле да предизвикаат.Затоа и се разработуваат резервните планови до Д. Па, и времето игра улога. Се потестува на ЕУ самитот во Амстердам кога владините лидери дошле со брод, а врнело дожд, платфромата била лизгава да скршиш врат. Тоа не било предвидено, па организаторите се искршиле да обезбедат сува платфрома за лидерите.

Обичните луѓе нема да имаат можност да видат многу од историската средба, но тие веќе почнаа да слават, во рестораните се служат специјални менија за мир, се пијат специјлани пијачки и коктели – доминираат синото „виски“ и црвеното „соџу“.