УНИЦЕФ соопшти дека ќе им исплати плати на авганистанските наставници за најмалку два месеца, бидејќи тие со месеци немаат приход поради економската криза по меѓународните санкции наметнати на талибанските власти.

Платите, кои изнесуваат околу 100 долари месечно, ќе се исплаќаат во локална валута и ќе бидат дадени на наставниците од основните и средните училишта за јануари и февруари, а ќе бидат спонзорирани од Европската унија, соопшти УНИЦЕФ.

„По многумесечна неизвесност и тешкотии за многу наставници, со задоволство можеме да кажеме дека итно ќе им помогнеме на наставниците од државните училишта во Авганистан кои не се штедеа себеси да ги подучуваат децата“, рече Мохамед Ајоја, претставник на УНИЦЕФ за Авганистан.