Бугарија и Црна Гора се пријатели и партнери, а двата народа се поврзани со вековни културни и духовни врски, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во посета на Црна Гора.
– Уверен сум дека ова пријателство е солидна основа за сеопфатниот развој на нашите билатерални односи во економијата, инвестициите, туризмот, безбедноста и образова. На нашата средба со претседателот Мило Ѓукановиќ во Цетиње споделивме заеднички став дека европската перспектива на земјите од Западен Балкан нема алтернатива и е клучна за стабилноста, безбедноста и просперитетот на Европа. Бугарија го поддржува европскиот пат на Црна Гора, која е најнапредна земја во процесот на проширување, а наскоро очекуваме да стане полноправна членка на ЕУ. Сепак, најсигурен гарант за евроинтеграциите на Црна Гора е поддршката на црногорските граѓани, како и неутрализација на какви било обиди за надворешна интервенција во овој процес, вели Радев.
Бугарскиот претседател во објавата на својот официјален профил на Фејсбук натаму додава:
– Регионалното поврзување треба да стане општ приоритет за сите балкански земји – ова е начинот не само да се минимизираат негативните ефекти од низата кризи и да се постигне. Така гарантираме и спречување на криза со храна, реална борба против инфлацијата и многу повисок економски раст во нашиот регион. Оваа позиција ја споделивме и со претседателката на Собранието на Црна Гора Даниела Ѓурович и со премиерот Дритан Абазовиќ, вели Радев.