Бугарскиот претседател и кандидат за втор мандат на денешните избори посочил дека клучот за почеток на преговорите е во „почитување на правата на македонските Бугари, во искоренување на јазикот на омразата, во прекин на обидите за систематско уништување на културното бугарско историско наследство“
Почетокот на преговорите за членство на Македонија во Европската Унија нема да зависи од идната бугарска влада, туку од самата Македонија, изјави Румен Радев, бугарскиот претседател и кандидат за втор мандат – на денешните претседателски и парламентарни избори во Бугарија.
Како што пренесува БГНЕС, Радев посочил дека клучот за почеток на преговорите со ЕУ за Македонија е во „почитувањето на правата на македонските Бугари, во искоренувањето на јазикот на омразата, во прекинот на обидите за систематско уништување на културното бугарско историско наследство“.
Почетокот на преговорите нема да зависи од следната нова влада и нов парламент, туку од самата Македонија, која мора да преземе соодветни мерки. Убеден сум дека само со отворен дијалог меѓу Софија и Скопје ќе изградиме искрени пријателски односи што ги очекуваат луѓето од двете страни на границата – нагласува Радев.