Сосем се неточни тврдењата, како и многу многу други нивни фалсификати во однос на македонскиот народ кои сите ние ги слушаме. Вака Првоборецот Борис Кралевски во Емисија на РТВ Скопје од 12.11.1973 година, ги објаснува тврдењата на бугарската пропаганда, дека и нивни единици учествувале во ослободувањето на Скопје.

-13 ноември Скопје беше слободно. Имавме обезбедување кон Качаник и Германците се повлекоа и многу подоцна нашите извидници ни јавија дека од кумановско џаде, некоја војска се движи кон Скопје. А потоа добивме информации дека тоа се бугарски единици. Неспорен историски факт е дека ниту еден бугарски куршум не бил пукнал во борбите за ослободување на Скопје, истакнал Кралевски.