Претседателот на соседна Бугарија, Румен Радев денеска со нови укажувања за нашата земја поврзани со најавите за забрана за влез во Македонија.

– Веќе не е доволно институциите на РСМ да докажат дека не се дел од антибугарската кампања. Крајно време е да докажат дека активно се борат против оваа кампања – рече претседателот Румен Радев по повод говорот на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски кој посочи дека е можна забрана за влез во земјата на бугарски европратеник и други граѓани на Бугарија.

Радев, пак, потсети на неговиот став дека правата на македонските Бугари треба да се заштитат во Уставот на земјата и дека тоа треба да биде задолжителен услов за почеток на преговорите.

– РСМ не ги ни почна преговорите. Таа се уште не ја отворила вратата од просторијата каде што ќе се водат овие преговори – посочи претседателот и додаде дека ќе се активираат сите европски механизми за да се стави крај на антибугарската омраза во РСМ.